Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Барди подобар од Меси, Македонецот го има најубавиот гол од слободен удар во Шпанија (ВИДЕО)

0 62

Мајсторијата на Енис Барди против Хетафе му донесе признание на Македонецот, голот кој го постигна на „Алфонсо Перез“ е избран за најубав во Шпанија кога се во прашање слободените удари.

Енис Барди по преселбата во Леванте се промовираше во еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Шпанија и Европа. Иако изминатава сезона не ги тресеше толку често противничките мрежи, неговата мајсторија против Хетафе е избрана за најубавиот гол од слободен удар во 2018/19.

Македонецот до ова признание стигна во жестока конкуренција во која секако беше и Лео Меси. Покрај Аргентинецот, во топ 5 се најдоа и Кристијан Тељо, Бењат и Рубен Алкараз.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.