Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Бомба во дворот на Карлеуша: Хаос во населбата Дедиње

0 132

Непознат напаѓач фрлил експлозивна направа меѓу луксузната вила на Јелена Карлеуша, пишуваат белградските медиуми.
Полиоцијата дошла на повик од граѓани, а потоа е утврдено дека е фрлена експлозивна направа која оштетила дел од фасадата и внатрешниот дел од дворот на вилата. После тоа се земени и снимките од безбедносните камери , земале и отпечатоци и извештај кој полицијата го испратила во обвинителството.

– Бомбата е фрлена во текот на ноќта па јасно е дека напаѓачот со ова сакал да испрати предупредувачка порака, вели изворот.

Полицијата не разговарала со пејачката, но ако истрагата тоа го бара ќе се обави информативен разговор со Јелена.

– Пејачката не пријавила во полиција никаква закана или вознемирување, но истрагата се води во сите насоки. Ќе се истражува дали е фрлена поради некои други станари кои живеаат во околината, а тоа се десетина луѓе, вели изворот за српските медиуми.

Полицијата наводно утврдила дека оваа експлозивна направа не е со голема моќ, но можела да повреди ако имало во тој момент. Јелена карлеуша не сакала да ги коментира овие наводи.

Карлеуша на својот профил на Инстаграм демантирала дека бомба е фрлена во нејзината населба.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.