Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Вечерва музички спектакл во Македонија: Андре Риу пристигна со девет шлепери опрема и 80 музичари!

0 96

Музичката ѕвезда Андре Риу за вечерашниот концерт во Скопје, поточно во Арената Борис Трајковски со почеток од 20 часот пристигна со девет шлепери опрема, сценографија, костими.

Tимот на Риу освен 50-тина луѓе за техничка поддршка, го сочинуваат и осумдесетина музичари, меѓу кои 60 члениот оркестар и гости на концертот.

Според организаторите на настанот Пасворд Продукција, влезот за посетителите ќе биде отворен од 18.30 часот, а концертот започнува точно во 20 часот.

За фановите на Андре Риеу, во холот пред концертната сала, ќе биде поставен и штанд кој ќе работи од 18.30 до 23 часот, на кој ќе се продаваат промотивни производи и сувенири.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.