Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Возило излета од патот Штип-Радовиш: Тешко повредени две лица

0 278

Две лица се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа се случила на патот Штип-Радовиш кога возило излетало од патот.

МВР информира дека во 15,20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш кај селото Лакавица патничко моторно возило „Мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(65) од Украина, со живеалиште во Радовиш, излетало надвор од патот.

Возачот и сопатникот И.Ф.(63) од Русија, биле пренесени во Клиничката болница во Штип каде им била укажана лекарска помош и кај В.Б. констатирани биле телесни повреди, додека кај И.Ф. констатирани биле тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.