Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

ГДУ: Што жали Штип и зошто знамето е на половина копје?! (ФОТО)

0 530

Почитувани,

Ние од ГДУ би сакале да прашаме, што жалиме во Штип и зошто знамето е на половина копје?! Да биде трагедијата уште поголема знамето е вака веќе три месеци. Дали има нешто за жалење, не дај Боже, а ние да не знаеме или се работи за грешка? Се надевавме дека во изминативе три месеци некој ќе забележи и ќе го подигне знамето, но тоа не се случи, па затоа ние мора да прашаме што жалиме?

Знаеме дека сте презафатени со големи работи и работите за доброто на граѓаните 24/7, и претходните така работеа. Ова е веќе трагикомично.
Поради оваа причина ГДУ ќе ја спроведе следнава анкета: зошто знамето е на половина копје на јарболот повеќе од три месеци?

А: Жал за Деспина
B: Жал по жичарата на Исарот
C: Жал по изгубената младост
D: Жал по затворениот базен
Е: Додај сам

ГДУ ги повика граѓаните со коментари да заземат учество во анкетава!

 

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.