Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

ГДУ: Ќе се обидеме да спречиме меѓународен скандал во Штип

0 640

Благодарност до локалната самоуправа за брзата и експресна реакција. Знамето одново се вее. Повеќе не е на половина јарбол. Еден убав пример како една одговорна власт се грижи и експресно ги решава проблемите.

Во тој контекст би сакале да ви укажеме дека одговорна власт исто така се грижи и за спомениците поготово од холокаустот, како на земја -партнер, во овој случај на Израел.

Повеќе од два месеци споменикот на депортираните Евреи е осквернавен со измет од птици и 511 имиња и презимиња на депортираните Евреи не се ни гледаат од птичјиот измет. Доколку власта е презафатена со големи проекти и нема време за грижа на спомениците, ние од ГДУ би направиле акција за чистење на споменикот, во духот на добрите односи помеѓу Македонија и Израел. Со тоа сакаме да спречиме и мега скандал и името на Македонија по којзнае кој пат да се најде на светските медиуми како топ тема во негативен контекст.

Слободно кажете дали да го исчистиме споменикот, за знамето сами не можевме, случајно да не прекршиме некој закон. Но за чистење на споменикот на Евреите ви стоиме на располагање. Само еден пријателски совет. Кој како се грижи за пријателите обично и тие така се грижат за него. Израел е пријател на Македонија но Македонија освен со зборови да се обиде да биде и со дела пријател на Израел.

Ова е веќе втор случај, на 01.03 2013 година, истиот беше вандализиран и никој не понесе одговорност за тоа, за денеска пак да биде осквернавен и оставен од невнимание и негрижа, напишаа на својата официјална facebook страна ГДУ-Штип.

 

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.