Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Гладијаторска доминација: Нацев и Попадинов позлатија на меѓународниот турнир „Трофеј на Белград“

0 14

Викендот кој веќе е зад нас помина во знакот на спортските успеси. Во главниот град на Србија, Белград, се одржа кик – бокс турнир на кој учество забележа и штипскиот клуб Гладијатор.

Никола Нацев доминираше со убедливо остварената победа во кик лајт, тој преку 4 борби оствари 4 победи, а на овој начин дојде и до златото.

Во дисциплината лоу кик, Никола Нацев изгуби од домашен борец и освои второ место.

На Меѓународниот кик бокс турнир „Трофеј на Белград“, Марјан Попадинов исто така освои два медала – златен и бронзен, а најмалиот гладијатор Јован Данилов се закити со бронзата.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.