Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Граѓаните прашуваат кога датум за чист воздух, а НВО до кога ќе се труеме

0 37

Фактот дека Скопје се најде помеѓу десетте најзагадени градови во светот вознемири и разгневи некои од граѓаните, кои ги обвинуваат надлежните дека ништо не прават за да дишеме почист воздух. И не само граѓаните, кои својот револт го изразуваат и на социјалните мрежи, веќе со остри реакции се јавија и невладините организации, кои прашуваат до кога ќе се труеме со загадениов воздух.

Повеќето домаќинства сѐ уште не започнале со секојдневно греење, а веќе дишеме загаден воздух, кој како тивок убиец го уништува здравјето. Загадувањето на воздухот повторно е жешка тема, за која дебатира и старо и младо, бидејќи се засегнати сите и нема кој не ги обвинува надлежните дека навистина не прават ништо ургентно за да се поправи или нормализира состојбата.
Од невладината организација „О2 иницијатива“ веќе имаат реакција, која од завчера се споделува по социјалните мрежи, насловена „Живееме во отровна зона“. На неа граѓаните се надоврзуваат со коментари во кои повикуваат на масовно организирање блокади и штрајкови пред институциите на државата, како и на граѓанска непослушност. Некои дури предлагаат протести во работен ден и неодење на работа.

– Дневните температурите сѐ уште високи, но влезени сме во сезона кога ни часовните измерени вредности за ПM 10 не се под 50 микрограми на кубен метар, а тие за ПM 2,5 не се под 25 микрограми на кубен метар во скопскиот регион. Само за потсетување, за ПM 10 се дозволени 35 дена во годината над 50 микрограми на кубен метар, а според СЗО годишниот просек не смее да е над 20 микрограми, исто така на кубен метар. За ПM 2,5, според СЗО, дневниот дозволен максимален лимит е 25 микрограми, а годишно е дозволено само до 10 микрограми – се вели во новата реакција на „О2 иницијатива“, со која приложуваат и разни фотографии што периодов се сликани од скопската општина, а на кои се гледаат магла и чад.

Од „О2 иницијатива“ посочуваат дека Скопје гледано од Водно е постојано во кафеава магла, со постојани чадови, од бели до црни и сите нијанси помеѓу, кои се шират низ градов и го обвиткуваат. Со тоа, објаснуваат од „О2 иницијатива“ екоактивистите истакнуваат дека живееме во отровна зона.

-Сликите што кружат по социјалните мрежи се слики од често палење оган на несоодветни места, од отпад фрлен каде што не треба, од запалено ѓубре на едни исти локации. Нечист воздух се дише преку цела година. Градот Скопје и Инспекторатот на градот Скопје и општините во Скопје со своите нефункционални инспекции – не функционираат. Не малку критики се упатуваат на адреса на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и на десетте други општински градоначалници.

Извор: novamakedonija.com.mk/

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.