Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Дајте ми работа, ќерка ми оглувува треба да се лекува, а најмногу од се сака да пее (ВИДЕО)

0 36

Трајче Василевски и неговото семејство живеат во Куманово. Не се срамат да кжат дека биле азиланти, дека спиеле под мостови дека биле бездомици. Затоа сега со гордост ја покажуваат куќичката која успеале да ја направат ама знаат дека е нивна иако кровот прокиснува постои опасност да се запалат од струјата, нема излолација.

Но, на немаштијата и нема крај сега ги навјасале здраствени проблеми. Трајче има проблем со срцето но срце го боли за ќерката која има мака со едното уво и полека оглувува. Трајче моли за работа некоја полесна поради здраствените проблеми, но чесна. Тој бил дете без родители како што вели дете на државата. Сега има свои деца за кои вели не се понакви од другите деца, но заслужуваат родители какви што тој ги немал, да се грижат за нив да ги нахранат да ги лекуваат.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.