Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Денеска пресуда за Кичеец, му се заканува од 1 до 10 години затвор, но можна е и условна казна

0 220

По признанието на вина на Зоран Милевск Кичеец, како обвинет во случајот „Рекет“, денеска во 12 часот ќе му биде изречена и пресуда. Тој е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години.

Сепак по признанието на вина, можно е Кичеец да се „извлече“ и со условна казна затвор.

Неделникот „Фокус“ уште пред два месеци пишуваше дека е можно Кичееч да признае вина или да соработува со обвинителството.

На ова укажуваше фактот што обвинителката Вилма Русковска го сокри записникот од неговото сведочење во истрага од останатите обвинети и нивните бранители. Кичеец двапати беше повикан да даде исказ. Првиот пат, иако се задржал три часа, се бранел со молчење, но по неколку дена се вратил уште еднаш и прозборел. Набргу потоа, пак, беше пуштен во домашен притвор.

И тогаш почнаа да се плетат шпекулации дека наводно Кичеец решил да соработува со обвинителството.

Обвинителката Рускоска ваквата пракса ја имаше и за случајот „27 април“, каде што беше застапник на обвинението. И тогаш од адвокатите на останатите осомничени го сокри записникот на осомничениот Александар Василевски Нинџа, поради што во судница неговото сведочење беше доживеано како голем шок.

Тој се сметаше за соработник на обвинителството, бидејќи со својот исказ го поткрепи обвинението, односно во детали раскажа како се организирал упадот во Собранието. Како „награда“, од предвидени најмалку 10 години затвор, Нинџа доби најниска затворска казна, под законскиот минимум, од останатите осомничени, односно беше осуден на 8 години.

Кичеец, инаку, низ годините важи за близок соработник на Орце Камчев, поради што и тешко се прифати предавството од страна на бизнисменот. Обвинителката Русковска во воведниот говор истакна дека Кичеец велел дека сака да му помогне на Камчев, бидејќи му бил како брат, но поентираше дека сепак не му било тешко да ја зема торбата во која имало 1 милион евра со комента, „И за брат да е, многу е“!

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.