Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Дејви Коцев со најaва за нов музички бум во Штип и Македонија: Бидете дел од промоцијата на “Ти и јас” (ВИДЕО)

0 1,561

Дејви Коцев најави нова песна и освежување на македонската сцена.

Овој четврток (11.07.2019) во штипскиот клуб “Сцена”, со почеток од 21.00 часот, стартува дружењето со Дејви и неговите пријатели од музиката, медиумите и фановите.

Станува збор за песна чиј наслов гласи “Ти и јас”, текстот е во дело на Огнен Неделковски, додека аранжманот на Роберто Поп Димитров.

За видео продукцијата се погрижи добро позантиот “Nickhart”, a како режисер со своја сценографија се потпиша Миле Вратеовски.

Дејви Коцев упатува јавен повик до сите љубители на квалитетната музика, претстојниот четврток резервирајте време за себе си и вашите најблиски, бидете дел од големата промоција на песната “Ти и јас”, ветуваме многу насмевки, љубов и музика во живо.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.