25 C
Штип
22/05/2019 | 16:01
АПЕРКАТ.МК
Занимливости

Д-р Жан Митрев повторно ја покажа својата големина – Ќе го згрижи малиот Амин!

На официјалниот Фејсбук профил, “Zan Mitrev Clinic” ја стопли јавноста и ја претстави хуманоста на дело, еве што објавија:

Малиот Амин ќе биде згрижен во нашата клиника

По сторијата во медиумите и пристигнатата помош од различни страни нашата клиника одлучи да му обезбеди бесплатна здравствена грижа на малиот Амин со цел да се решат моменталните здравствени проблеми што ги има.

Амин сега може мирно да спие.

За него е обезбедена храна а до петок ќе му биде направен и првичен преглед во Zan Mitrev Clinic.

– Не очекував дека луѓето ќе ми помогнат вака, многу сум благодарна. Дај Боже да им се врати повеќе. Господ се најдобро да им даде. Многу ми помогнаа особено со храна, видовте и самите колку многу храна се собра. Сега посебна благодарност за доктор Жан Митрев за тоа што моето дете ќе добие најдобра здравстевна услуга за проблемите што ги има како килата и проблемите околу половиот орган – изјави Севдије Селмани – самохраната мајка на Амин.

Слични статии

Се вчитува....