Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Д Фестивал најавува музички спектакл со 50 музички ѕвезди во Дојран

0 38

Единствениот музички фестивал на отворено кај нас, популарниот „Д-Фест“ годинава ќе се одржи
од 12 до 14 јили во Стар Дојран со тридневна, неверојатно богата програма и фестивалски камп.

На шест музички бини ќе настапат повеќе од 50 музички ѕвезди и над 100 уметници и креативци
кои ќе земат учество во бројните активности,перформанси и работилници кои ќе се одвиваат на
повеќе од 20 зони на годинашново деветто издание на „Д-Фест“, изјавија организаторите од
Пасворд продукција и општина Дојран.

Трите фестивалски вечери на досега најголемото издание на фестивалот,покрај музичките
настапи,вклучуваат и бројни работилници, изложби, дебати, базар на уметнички дела и ракотворби
и уште многу други содржини кои придонесуваат ова да биде единствена фестивалска авантура кај
нас.

Сместувачките капацитети во Дојран се веќе целосно иполнети што е уште еден показател дека
овој Д-Фест ќе биде најуспешен до сега. Оние кои ќе купат билети заклучно со денешниот ден,10
јули,ќе го сторат тоа по промотивни цени од 800 денари за четири дневен билет без
кампување,односно по 850 денари со кампување.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.