Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Елмас денес на лекарски прегледи во Неапол – станува најскап Македонец

0 177

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и дефинитивно ќе игра за италијанскиот вицепрвак Наполи, откако според информациите предмалку на италијанските медиуми е договорен трансферот и бисерот денес треба да пристигне на лекарски прегледи, а и официјално да го потпише договорот.

После повеќе од половина година од сагата за младиот фудбалер на Фенербахче, во која секојдневно се изредија еден куп европски гиганти со интерес да го ангажираат, на крајот Наполи победува во трката во која истанбулскиот клуб ќе добие 15 милиони евра плус бонуси и со тоа Елмас ќе стане најскапиот македонски фудбалер во историјата.

Елмас во Фенербахче замина од Работнички за 180.000 евра тренинг-компензација во август 2017 година и во изминатава година блесна, па го сврте вниманието кон себе. Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти го стави како приоритет за засилување летово и на крајот наполитанците успеваат да го добијат.

Сега се очекува официјална потврда на информациите на италијанските медиуми за трансферот на Елмас.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.