Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Елмас пред трансфер во Наполи

0 42

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е блиску до трансфер во Наполи, тврди „Скај Спорт Италија“. Според овој извор преговорите помеѓу двата клуба биле во завршна фаза. Актуелниот клуб на Елмас, Фенербахче и Наполи требало уште да ја договорат сумата што клубот од Серија А треба да ја плати за фудбалерот.

Елмас уште пред почетокот на летниот преоден рок се поврзуваше со неколку елитни европски клубови, медиумите пишуваа за интересот на Тотенхем, Интер, Лацио, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Сепак како сега стојат работите трката за неговиот потпис ќе ја добие Наполи.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, го нарекол Елмас „новиот Руиз“. Шпанецот од Наполи неодамна го освои златниот медал на Европското првенство за играчи до 21 година и беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Преговорите барем засега запнале околу обесштетувањето, Наполи нуделе 13 милиони евра плус одредени бонуси, додека Фенербахче барале 20 милиони евра.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.