Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Животните во Штип третирани како плишани играчки: Во никакви услови Зоолошката градина чува мече

0 422

Ќе остане ли мечето Теди во штипскиот зоо парк или ќе мора да биде вратен во скопската зоолошка градина. Теди беше донесен пред 2 години и е вистинска атракција за посетителите во единствената зоолошка градина на истокот. Сепак долго време мечето живееше во субстандардни услови, односно, во малечок кафез, во кој му беше лимитирано движењето.

– За мечето создадовме некои подобри услови што го зголемивме кафезот- изјави ЖИВКО ТАСЕВ, ДИРЕКТОР НА ЈП ИСАР

Зоо паркот во Штип го менаџира јавното комунално претпријатие кои се во преговори за згрижување на Теди во зоолошката во Скопје, но се уште се чека на одговор, каде мечето ќе го продолжи својот живот и во какви услови.

– Ако не дојде до преселување на мечето, ќе мора да направиме уште еден кафез, да го зголемиме просторот, за да може мечето Теди да има подобро живеалиште-додаде Тасев

Од пред една недела зоо паркот има и привремени посетители, два штркови кои се повредени во пожар. На едниот му е скршена ногата, па ветеринарите му ја санираа повредата. Другиот е во подобра здравствена кондиција и сигурно заминува на југ.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.