Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Известувањето на ТВ Стар го уби кучето со болви прогласено за најголем непријател на штипјани

0 293

Наместо да му помогнат на кучето кое мирно лежеше додека пензионерка тврдеше дека е агресивно поради болвите, Ветеринарната станица од Штип која го доби тендерот за згрижување на кучињата бездомници, поттикнати од ТВ Стар, најдоа наједноставно решение за Бренда. Ја еутаназираа!

Во прилог со наслов ,,Штипско семејство во паника. Куче скитник дома ги чува како заложници“, новинарката на телевизијата без ронка емпатија го водеше разговорот и текстот во насока дека кучето е најголема опасност и штетник за околината.

Наспроти ова, на социјалните мрежи се јавија голем број штипјани кои тврдат дека Бренда тука живее 7 години и дека е мирна и мила. Голем број од нив ја хранеле секојдневно.

Од своја страна, ТВ Стар стапила во контакт со претставник на надлежна ветеринарната станица кој изјави.

„Според нашиот план потенцираното куче скитник како и уште неколку други убедени сме дека уште утре ќе бидат отстрнети од улица и ќе бидат сместени на соодветно место. Досега овој проблем ќе беше решен но секојдневната обврска со овие кучиња ни наложи нивното згрижување да биде одложено“, изјавиле од ветеринарната станица, по што ГО ЕУТАНАЗИРАЛЕ кутрото животно.

,,Колку овој проблем е ургентен потврдуват и фотографиите на кои се гледаат огромен број на паразити до самиот влез и прозорци од куќата и вистинска среќа е што досега не се случил поголем проблем“-го завршува својот ,,генијален“ прилог оваа локалана тв станица..

Извор: ako.mk/

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.