Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Интервју со Деспина Царева – Face of the Week

0 930

Во рубриката Face of the Week разговараме со Деспина Царева,  познат модел на македонската јавност кој плени со својот изглед и појава.

Нудиме шарм, луксуз и неодолива префинетост, уживајте со одличната фотосесија која остава без здив, а покрај тоа, се разбира дека ветуваме и интересно интервју со победникот – Мис Бикини на Балканот за 2013-та , погледнете го во целост разговорот со Деспина.

Честопати си активна низ социјалните мрежи со фотки, кој е твојот главен поттик и мотив, која е пораката што сакаш да ја пренесеш на твоите следбеници?

– Повеќето од моите слики на социјалните мрежи се дел од некој проект или соработка. Избегнувам да го споделувам секој момент од својот живот. Немам некоја конкретка порака или мотив, бидејќи социјалните мрежи ги користам како место за маркетинг, поточно промоција на тоа што го работам во моментот. Понекогаш се случува да објавам и нешто од моето секојдневие.

Правниот факултет го заврши, те гледавме како водителка и ТВ презентерка, бројни соработки со модни куќи, денес со што се занимава Деспина?

– Повеќе од 8 години бев во телевизија, тоа беше многу убав период за мене. Инаку да, завршив Правен факултет, го положив и Правосудниот испит, моментално сум посветена на Магистерскиот труд. Покрај тоа, секогаш сум расположена за соработка на убави проекти. Многу сум среќна што можам да го најавам и моето учество во еден нов проект. Потпишав договор со Спасија Филипова, девојката е чудо од уметник, јас сум воодушевена од нејзините уметнички дела. Имено, станува збор за проект кој опфаќа изработка на портрети во комбинација со современата уметност. Изложбата е планирана за во Септември во Скопје.

Која е формулата и програмата за едно совршено женско тело?

– Дефиницијата за совршено женско тело сеуште се базира на стереотип кој го гледаме секојдневно на социјалните мрежи, во магазини, на телевизија, но според мене совршено тело е индивидуално за секој, бидејќи секое тело е совршено на свој начин. Важно е секоја девојка да биде негувана, да внимава на својот изглед, здрава исхрана, што е можно повеќе физича активност и тоа е тоа. Совршеност не постои, сакајте ги своите несовршености и не срамете се да ги покажете.

Дали применуваш посебен режим на исхрана, омилено јадење?

– Како што реков, здрава и разновидна исхрана. Немам посебен режим, јадам апсолутно се што сакам, само во умерени количини. Добро е што не сакам да јадам благо. Инаку, омилено јадење ми е риба, обожавам да јадам риба и најчесто сама ја приготвувам.

Во слободно време, што повеќе обожавате, да направите позната “кафе” шема низ градот, или пак гледање филм, а можеби и читање книга?

– Ако е убаво, сончево време, секогаш преферирам да излезам на кафе. Обично навечер пред спиење сакам да пуштам некој добар филм, или серија, а неретко се одлучувам и за некоја психолошка книга.

 



Кој е вашиот идол, ваша ѕвезда водилка?

– Немам некоја ѕвезда водилка. Сакам да сум најдобрата верзија од самата себе и да напишам сопствена приказна. Длабоко верувам во тоа дека секој треба да се стреми да биде различен и свој.

Доклоку ви се допаднаа фотографиите, многу повеќе можете да најдете на Инста профилот на Деспина Царева – https://www.instagram.com/despinacareva/

 

Спонзорирано од

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.