Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Интервју со Петар Костовски – Face of the Week

0 1,994

Пред самиот почеток, како би се опишал Петар Костовски пред нашата читателска публика, кој е Петар – кратко CV?

Петар Костовски е млада позитивна личност, упорна и целосно посветена на своите зацртани цели, вљубен во пинг понгот со желба за кариера надвор од РМ. Петар сака да се дружи, комуницира со позитивни личности, паралелно студира на факултетот за физичко образование.

Постојано си активен на социјалните мрежи, кој е главниот мотив и порака кои сакаш да ги испратиш на твоите фанови?

Како млад човек кој што ги следи трендовите, каде што поголемиот дел од времето е исполнето со активности на Facebook i Instagram, така и јас знам да споделам сегмент од моето секојдневие , за да бидам поблиску до моите фанови.

Што најмногу објавуваш на Инста и Фејсбук?

Бидејќи долги години се занимавам со пинг-понг најчесто на Facebook моите сториња и постови се исполнети со таква содржина, додека на Instagram покрај спортските активности знам да споделам и некој приватен момент.

Петар Костоски е синоним за успешен спортист. Вие сте пинг – понг реперзентативец на Македонија, кои се вашите најголеми успеси?

Веќе 15 години сум со рекетот во рака , додека 10 години сум репрезентативец на Македонија. Првиот медал го освоив на мои 8 години додека со репрезентацијата најголемиот успех ми е пласман на олимпијада кој за жал не се реализира поради немање доволно средства, а покрај ова би го издвоил и освојувањето на државното првенство за сениори како најмлад во историјата на Македонскиот пинг понг.

5. Дали веруваш во суеверие, што правиш пред натпревар, како се мотивираш?

Не верувам во суеверија, победата може да се постигне само ако си доволно спремен за натпреварот.

Често пати знаете да се пофалите со вашето “набилдано” тело, која е програмата и “рецептот” за еден таков успех?

Голема желба. Добра посветеност, исто така и здрав начин на исхрана.

Дали имате посебен режим на исхрана?

Внимавам на исхрана но честопати знам и да се почестам со брза храна која што со вежбање ќе се неутрализира.

Заради тренинзи и обврски постојано си во Скопје. Сепак, кога би требало да направиш избор, кој град повеќе те привлекува, родниот Штип или метрополата – Скопје?

Поради обврските во овој сегмент од животот поголемото време го поминувам во Скопје , но секој укажан момент го користам за посета на Штип и моите најблиски.

Во слободно време, што повеќе обожавате, да направите позната “кафе” шема низ градот, или пак гледање филм, а можеби и читање книга?

Слободното време кое е искрено многу кратко, сакам да го поминам со моите пријатели пиејќи убаво кафе во добра атмосфера.

Омилен музичар?

Што се однесува до музичкиот дел, повеќе преферирам странска музика, но во последно време ја почитувам и ценам работата на Влатко Лозаноски и сметам дека е на вистински пат до врвна кариера. Од регионот, го преферирам DJ Shone – ( Nenad Jakucic).

Кој е вашиот идол, ваша ѕвезда водилка?

Рафаел Надал.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.