Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Интервју со Симеон Коруноски – Face of the Week

0 1,253

Во рубриката Face of the Week разговараме со Симеон Коруноски, млад и амбициозен пејач со огромен потенцијал, познат по неговиот нeодолив глас и шарм.

Ви ветуваме интересен разговор, “урнебесни” одговори и фотосесија која остава без здив.

Пред самиот почеток, како би се опишал Симеон Корунски пред нашата читателска публика, кој е Симеон – кратко CV?

– Јас сум Симеон Коруноски,роден сум во Кичево,живеам во Охрид,а учам во Скопје во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”.Мојата љубов кон музиката започна уште како многу мал,од 9 години почнав да свирам на гитара,а неколку години подоцна имав и свој бенд со кој свиревме рок музика.Пред две години се пријавив на Casting Talent Show,каде што успеав да се пласирам во Суперфинале и со тоа ја добив и мојата улога во мјузиклот “Тајно моја” во чест на Тоше Проески кој што се одржа во Македонската Опера и Балет.Сум настапувал и на повеќе фестивали надвор и во Македонија вклучувајќи ги и Охрид Фест и Макфест.Музиката е нешто што јас го сакам најмногу во својот живот и во иднина очекувајте многу нови работи од мене.

Постојано си активен на социјалните мрежи, кој е главниот мотив и порака кои сакаш да ги испратиш на твоите фанови?

– И покрај тоа што сум активен, гледам мојот ден да не се состои само од социјалните мрежи.
Би им препорачал на сите, да гледаат да го избалансираат денот и да не го користат само за на Инстаграм,Фејсбук итн. туку да се фокусираат и на оние другите работи кои всушност го прават животот- живот.

Што најмногу објавуваш на Инста и Фејсбук?

– Најмногу објавувам свои фотографии и музика.

Дали веруваш во суеверие, што правиш пред настап и публика, како се мотивираш?

– Не верувам во суеверие. Пред секој настап се грижам правилно да ги направам вежбите за својот вокал и да ги имам добро сработено работите со кои што треба да се претставам.Само тогаш имам доволно самодоверба и мотивација.

Во Скопје живеете сам, дали си умешен во приготвување храна? Омилено јадење?

– Неможам да кажам дека сум некој “готвач”.Знам да приготвам некои работи меѓутоа многу често знам и да си купам готова храна.Неможам да одвојам едно..

Заради училишните обврски постојано си во Скопје. Сепак, кога би требало да направиш избор, кој град повеќе те привлекува, родниот Кичево, Охрид или метрополата – Скопје?

– Секој град си е убав на свој посебен начин.Има работи кои што повеќе ми се допаѓаат во Скопје,некои во Охрид,а некои во Кичево.

Во чија музика повеќе би уживал, Тајзи, Слаткар или ДНК?

– Најверојатно ќе биде ДНК,доколку не ја ставиме во листа нивната последна музичка нумера..

Наброј три женски омилени вокали од македонската музичка сцена? (Која би била на врвот, а која на третото место)?

– Калиопи Букле, Тамара Тодевска и Каролина Гочева.

Социјалните мрежи се непредвидливи, дали си имал додворување од понежниот пол, а можеби и од “машкиот” (хаха) ?
Сподели некое искуство на додворување кое особено те насмеало и изненадило?

– Хаха,сум имал,секако од понежниот пол.Ми пиша девојче дека сака мое дете..

Во слободно време, што повеќе обожавате, да направите позната “кафе” шема низ градот, или пак гледање филм, а можеби и читање книга?

Дефинитивно,секогаш на прво место би одбрал да уживам дома,со мноогу храна и некој добар филм или серија,а поретко знам да прочитам и некоја книга.

Од светската музичка сцена на кого се угледуваш, Џастин Бибер, Ед Ширан или Сем Смит ?

– Пред се гледам да бидам свој и да изградам свој стил,а неможам да одвојам ниту еден од нив затоа што секој си е посебен на свој начин.

Што значи за тебе музичка ѕвезда во денешниот модерен свет, дали на прво место би ја сместил убавината и минимално познавање од пеење, или пак квалитетно – вонсериско пеење и минимална убавина?!

–  Доколку зборуваме за музичка звезда, мене лично најважен ми е вокалот,а потоа сите останати работи,иако во последно време гледам дека многу луѓе размислуваат различно од мене. Според мене убавината те носи само до едно ниво,но емоцијата на вокалот е она што ќе допре до душата на луѓето.

Во последно издадената песна настапуваш со Томи Тасев, само неколку секунди се појавуваш, зошто те нема во целосниот видео запис?

– Па затоа што сепак идејата за песната и тој што прв пристапи беше Томи Тасев,а јас на тоа направив мелодија. Исто така,целосниот видео запис и песната беа финансирани од негова страна.

Твоја најомилена фотографија?

– Ги има многу..

Најубава девојка од јавната сцена во Македонија?

– Ги има многу, Викторија Лоба,Мартија Станојковиќ,Сара Гигова,Антониа Гиговска,Мина Блажев,Сара Гигова,Лина Пејовска и други..

Што преферираш, љубовна врска без обврска или врска со обврска?

– На своите години и кога мојот приоритет е кариерата,дефинитивно љубовна врска без обврска.

Во што повеќе уживаш, “сочен” бакнеж или нежна прегратка?

– Според мене прегратка со правилната личност е подобро отколку сите останати работи со некоја друга.

Кој е вашиот идол, ваша ѕвезда водилка?

– Во мојот живот мои идоли се моите родители, тие се мојата најголема инспирација и мотивација, а за мојата кариера исто така многу сум инспириран и од музичките ѕвезди Џастин Бибер, Ед Ширан, Бруно марс и многу други.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.