Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Камерите снимија застрашувачка сцена: Човек за влакно избегна удар од гром! (ВИДЕО)

0 119

Американецот Ромулус Мекнејл имал доста среќа додека поминувал низ универзитетскиот кампус во Конвеј, Јужна Каролина во текот на голем дожд.

Како што може да се види на снимките од безбедносните камери, гром удрил само на неколку сантиметри од неговите нозе што го натерало да го испушти чадорот. Бидејќи било лошо времето, решил да тргне кон својот автомобил.

-Знам дека помислив: Се надевам дека нема да ме погоди гром! Почувствував удар, беше лудо. Само сакав да одам дома и да каснам нешто, изјави Мекнејл.

Громот многу го уплашил, но минал без било какви повреди.

 

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.