Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Кирјос збудале и во Синсинати – кршеше рекети и плукаше кон судијата! (ВИДЕО)

0 53

Дека е убедливо најлошото момче во светскиот тенис, Ник Кирјос го потврди и на мастерсот во Синсинати и тоа со шоу кое го направи во победата над Качанов.

Тој постојано нешто протестираше и се објаснуваше со судијата, по што му врати дека е најлошиот делител на правдата во историјата на тенисот при што искрши и два рекети во тунелот. По мечот тој воопшто не се поздрави со судијата, што е пракса во овој спорт, а камерите уловија и и момент како Кирјос плука кон него, однесување кое дефинитивно ќе му донесе нова казна.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.