Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Крај на една ера: Касиљас оди во пензија!

0 66

Легендарниот голман на Реал и шпанската репрезентација Икер Касиљас одлучи да не ризикува и летово ќе објави крај на играчката кариера.

Причина за тоа се проблемите со срцето, односно доживеаниот инфаркт за време на тренингот на Порто на 1 мај годинава. Тогаш Касиљас не сакаше да носи брзи одлуки, но консултациите со докторите го натераа да го донесе најлогичното можно решение.

Неговата кариера трае две децении, откако пред крајот на минатиот век, како тинејџер, беше повикан во првиот тим на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Со Реал и шпанската репрезентација освои се што можеше да се освои во фудбалот и во пензија заминува како еден од најтрофејните во историјата.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.