Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

ЛГБТИ заедницата бара јавно извинување за двете изјави на премиерот Заев

0 296

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија го повикува премиерот Зоран Заев јавно да се извини за дадените изјави во врска со ЛГБТИ заедницата. Вчерашната изјава за медиумите на премиерот, пропратена со подоцнежната објава на „Твитер“ дека со зборот „педер“ мислел на карактерна особина, а не за означување на сексуална припадност, за ЛГБТИ заедницата е уште понавредливо оправдување.

За да се санира настанатата штета, од Националната мрежа го повикуваат премиерот Заев не само јавно да се извини, туку и бараат тој уште поинтензивно и посериозно да се зафати со унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во земјава.

„Проблемите со кои се соочуваме се бројни, а вакви изјави од државниот врв не помагаат во нивното решавање“, се вели во соопштението на Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

И покрај клучните чекори што се направени во позитивна насока во изминатиов период, од ЛГБТИ заедницата ги наведуваат и актуелните пропусти што ги прави актуелната власт, вклучувајќи го фактот што МВР сè уште не гони нити препознава криминал од омраза, нерешените случаи на хомофобичните напади на ЛГБТИ Центарот за поддршка и одбивањето на Управата за матична евиденција да ја спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права за промена на личните документи на трансродов маж.

Реакцијата на ЛГБТИ заедницата доаѓа по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, во која коментирајќи го предметот „Рекет“, тој кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат актуелната влада.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.