Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Левица: Здравјето на обичните граѓани пред профитите на богатите!

0 50

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, одлучи предавањето на депонијата “Дрисла” во рацете на германската компанија “Шолц” да се случи по претседателските избори. Италијанската “ФЦЛ Амбиенте” која до сега оперираше со депонијата требаше да инвестира околу 72 милиони евра. Да изградат нова депонија, нова постројка за медицински отпад, автоматизирана перална за камионите, нова механизација, опрема и административна зграда. Од тоа нема ништо и според тврдењата на самиот градоначалник, изминативе седум години депонијата работи исклучиво со средства кои ги вложува градот.

Но, од друга страна, само медицинскиот отпад кој се гори во Дрисла од 115 тони во 2000 година е пораснат за 8 пати на фантастични 891 тони во 2017! Ако се знае дека увозот на медицински отпад е забранет, нејасно е како е можно толку да пораснал?! На страна медицинскиот отпад, колку за илустрација само во 2016 година во Македонија е увезено околу 119 илјади тони ОПАСЕН отпад!

Се додека се прават милионски профити од нашата болест, процесот ќе продолжи. Македонија, слично како и другите сиромашни држави во регионот, полека се претвора во депонија на богатата Европа.
Потребно е итно напуштање на профит-моделот. Враќање на Дрисла во рацете на градот и вложување во нова модерна депонија. Најстрога забрана на било каков увоз на отпад! Здравјето на обичните граѓани пред профитите на богатите!

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.