Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Луд меч во Амстердам: Тотенхем го фрли Ајакс на колена и ќе игра во финалето од ЛШ!

0 36

Премиерлигашот Тотенхем покажа зошто фудбалот е непредвидлив на вечерашниот меч со Ајакс од полуфиналето од ЛШ, победувајќи го холандскиот тим со резултат 3-2.

Иако Ајакс беше на дофат од билет за финалето против Ливерпул, сепак, искуството на Тотенхем беше пресудно и во финалето од ЛШ ќе гледаме англиско дерби.

Холандската екипа поведе преку Де Лихт и Зијех, што се чинеше дека Тотенхем веќе нема шанси за финалниот меч против „редс“. Но, второто полувреме беше сосема друга сликата на стадионот „Јохан Кројф“, а Покетино уште еднаш се покажа како еден од најдобрите стратези во моментов.

Брзоногиот Лукас во 55-та и 59-та минута донесе израмнување кај англиската екипа, предизвикувајќи нервоза кај младите играчи на Ајакс.

Како што минуваа минутите, Тотенхем го стегаше обрачот околу голманот на домашната екипа, но холандската кула од карти се распадна во последните секунди од мечот.

По асистенција на Деле Али, Лукас повторно погоди и го однесе Тотенхем во финалето од ЛШ каде ќе се сретне со Ливерпул на 1 јуни во Мадрид.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.