Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Лупевска: На Јанева ѝ реков дека волку непрофесионален и дрзок обвинител не сум видела

0 149

Жал ми е што многумина не препознаа дека Катица Јанева не е воопшто каква што се претставуваше пред јавноста, вели новинарката Снежана Лупевска Созен.

,,За карактерот на Катица Јанева: Никогаш не добив желба да се сликам со неа, а единствената средба со неа беше и последна. Завршивме со кавга по што реков дека волку непрофесионален и дрзок обвинител не сум видела во мојата 25-годишна новинарска кариера. Буквално стана да ме избрка од својата канцеларија затоа што ја критикував. Ова првпат го кажувам јавно, а настанот има и сведоци. Затоа не ме чуди воопшто нејзината наредба за претрес и револтот што го предизвикала кај вработените. Жената не е воопшто каква што пред јавноста се претставуваше и жал ми е што многумина тоа не го препознаа особено меѓу моите колеги, напиша Лупевска на Фејсбук“.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.