Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Македонија пред експлозија на нови бомби: Геровски денес ќе открие кои се Фрики и Кики

0 440

Новинарот Бранко Героски, кој прв во јавноста преку своите колумни пишуваше за рекетот, на социјалните мрежи најави дека во понеделник ќе открие кои се Кики и Фрики!
Новинарот Бранко Героски веќе некое време објавува тајни за рекетот и уцените од страна на луѓе блиски до актуелната власт. За Кики и Фрики Героски откри дека се политичари, кои дел од владејачката гарнитура.

Како што потенцираше Героски во своите колумни, се работи за пратеници од кои едниот до неодамна бил на висока партиска позиција, а другиот бил на висока државна функција

Деновиве премиерот Зоран Заев на прес конференција за медиумите, изјави дека за него Кики и Фрики не постојат и дека не знае кој се.

Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст. Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, рече Заев.

Нема само Коки братчиња и другарчиња во врвовите на власта. Имам и јас овде-онде по некое пријателче, па ме известуваат луѓето дека мојот серијал за рекетарската банда што сее страв и трепет низ Македонија, „државниот врв“ внимателно го следи и дека „се очекуваат реакции“. Не сум баш убеден дека реакциите ќе бидат во духот на борбата против корупцијата и доброто владеење, но јасно ми е зошто моите приказни за Коки, Кики и компанија – иако напишани во стилот на класична фикција – толку сериозно ја загрижуваат власта, пишуваше Героски во своите колумни за порталот инфо плус.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.