Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

„Македонско девојче“ ечеше на концертот на Андре Риу (ВИДЕО + ФОТО)

0 61

„Македонско девојче“ ечеше вечерва на концерот на мегапопуларниот диригент и виртуоз на виолина Андре Риу кој настапи во Вип aрената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во полна сала, со расположена публика се одржа енергичен концерт, кој траеше повеќе од два часа. Пееја арии од опери, „Ода на радоста“, италијански, германски, руски песни. „Радецки марш“, „На убавиот син Дунав“, а на крајот воодушевија со изведбата на „Македонско девојче“. Направија вистинска журка.

Риу прославуван како современиот „крал на валцерот“ дојде заедно со својот 60-член оркестар „Јохан Штраус“ и уште 20-тина гости музичари кои го придружуваа на сцената, но и тим составен од повеќе од 50 професионалци кои се грижат за продукцијата и техничката реализација на концертот.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.