Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Метлата “мава” и кара, кога некој “вара” – З.З. знае зошто?!

0 47

Лагата нема граници, но вистината е една и единствена!

Од изминатиот ден на политичката сцена, особен придонес и атуелност нуди поклонетата “метла”, чија сопственост сега е на премиерот Заев.

Метлата има широка примена, а во најголем процент се користи за “мавање” со желба да се врати паметот на тепаниот!

Ексклузивно дознаваме на кого треба да се удри метлата затоа што нема:

  • Плата од 500 евра
  • Жичара до Исарот и Аквапарк
  • Асфалт 10cm и нови патишта
  • 20km гас и брана на р.Отиња
  • Плата 100.000 ден за лекарите
  • Младинска гаранција за младите
  • Повисоки пензии за пензионерите
  • Повисоки субвенции за земјоделците

На кој да му се удри метлата затоа што не исполнил, а ветил:

  • Нема промена, но го промени името и го поништи македонскиот идентитет
  • Ветуваше правда, а наместо тоа донесе трговија со правда
  • Се вработуваат само децата и сопругите на високи функционери на СДС и одредени фамилии
  • Наместо ветеното враќање на младите за овие две години иселија дополнителни 100.000 млади лица
  • Здравството и образованието се пред колапс

На кој да му се удри метлата затоа што:

  • Клиничката болница се уште не е изградена и пуштена во употреба
  • Автопатот Штип-Скопје не е пуштен во употреба, иако е готов.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.