Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Младите кошаркари на Србија нападнати со нож на ЕП во Удине

0 317

Маж за кој се претпоставува дека е од албанска национална припадност, ги нападнал младите кошаркари на Србија, пренесуваат медиумите на нашиот северен сосед.

Претседателот на КСС, Игор Ракочевиќ, за порталот „Б92“ изјави дека инцидентот се случил кога младите репрезентативци добиле слободен ден (четврток), па излегле на прошетка во центарот на градот.

Пред половина час еден Албанец ги нападна нашите деца во Удине. Децата имаа слободен ден за да прошетаат, беа облечени во маици на Србија, а потоа започнал да ги следи еден Албанец, возејќи велосипед, изјави Ракочевиќ.
Тој додаде дека напаѓачот започнал да им дофрла на кошаркарите.

Зборуваше се и сешто. Дека Косово е Албанија, а не Србија… Децата спортски се однесувале, со рака му покажале да се тргне, но тој станал уште поагресивен, се симнал од велосипедот и почнал да ги брка со нож. Децата успеаја да побегнат во хотелот, додаде Ракочевиќ, а пренесе „Б92“.
Како што истакна, делегацијата на Србија е разочарана на ФИБА и организацијата.

До сега не постоеше ниту едно лице кои ќе беше во контрола на нашите кошаркари, ниту во хотелот, ниту во градот. Се обраќаме до нашата амбасада се со цел да добиеме заштита, вели првиот човек на Српската федерација.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.