Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Наскоро пешаците ќе “летаат”, а електричните тротинети ќе добијат право да се движат по тротоарите

0 462

Измените во Законот за безбедност во сообраќајот предвидуваат ограничување на движењето на електричните тротинети. Тротинетите ќе можат да се движат по велосипедски патеки, а во случај да нема одбележани патеки ќе можат да се движат и по тротоар. Ова го предвидуваат законските промени кој веќе поминаа на седница на Владата, јави СДК.

Со законот ќе биде забрането движење на тротинетите на улици и булевари, но предвидено е и задолжително носење на заелени флуоросцентни елеци во вечертните часови. Максималната брзина на велосипедска патека е 25 km/h, а на тротоар 6 km/h. Ова треба да придонсе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. Предвидените казни се од 50 евра за не носење на елек, за возење по улица и булевар 80 евра, до 120 евра за надминување на дозволената брзина.

Електричните тротинети се популарни поради практичноста и можноста за побрзо движење во сообраќајот. Секако со овие измени со оглед на бројот на велосипедски патеки малку ќе се ограничи практичноста на тротинетите. Колку и како ќе влијае ова на популарноста останува наскоро да видиме.

Дел од локалните власти, на пример Град Скопје, нуди субвенции за електрични тротинети. Оваа мерка ќе продолжи, а веќе се најавени средства за нови 215 електрични тротинети. Град Скопје ќе надомести дел од средствата за набавка на тротинетот во износ од 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, или до 7 000 денари по лице.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.