Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Ниту Меси, ниту Нејмар: Никој не игра за својата репрезентација толку добро како Роналдо!

0 55

Кристијано Роналдо синоќа постигна хет-трик за Португалија во победата против Швајцарија од 3-1, па така обезбеди финале во Лигата на Нации.

Португалецот веќе со години е лидер на својата репрезентација и можеби најдобар фудбалер, кој го имала Португалија во историјата.

Ѕвездата на Јувентус постигна 88 гола за репрезентацијата, а тоа значи дека дополнително ја зацврсти првата позиција кога станува збор за голови на активните фудбалери.

Зад него е Сунил Четри од Индија, кој има постигнато дури 68 гола, па потоа следуваат Лионел Меси со 65, па Нејмар, Давид Вилја, Роберт Левандовски…

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.