Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Ништо од спектакл Федерер – Џоковиќ, Тием го преслуша ветеранот во Мадрид

0 58

Големата желба на тениските фанови да гледаат полуфинале меѓу Федерер и Џоковиќ нема да им се оствари, бидејќи ветеранот со 2-1 во сетови забележа пораз од Доминик Тием.

Швајцарскиот ас одигра одличен прв сет. Уште во вториот гем успеа да направи брејк предност и да поведе со 2-0, а во деветтиот гем ја искористи својата втора сет топка и заслужено поведе со 1-0.

Во вториот сет младиот Австриец заигра поангажирано и не дозволи нова доминација на ветеранот. Се играше гем за гем, па сетот замина во тај-брејк, во кој гледавме големо надмудрување и израмнување на 1-1, откако Тием беше подобар со 11-13. Во одлучувачкиот сет 37-годишниот Федерер остана без сили и немаше решение за разиграниот противник, кој со 6-3 обезбеди полуфинале во Мадрид.

Во борбата за финале Тием ќе се сретне со првиот фаворит за трофејот Новак Џоковиќ, кој денес без борба (Чилиќ го предаде мечот) се пласира меѓу четворицата најдобри.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.