23 C
Штип
19/06/2019 | 19:48
АПЕРКАТ.МК
Настани на денот

Нов спор во договорот за добрососедство: Бугарија бара Делчево да го промени името

По идентитетот на Гоце Делчев, Делчево е новата тема на која се раскараа преговарачките тимови кои учествуваат во дефинирање на договорот за добрососедство со Бугарија.

Имено, бугарската страна побара името Делчево да не се користи се’ додека не биде потпишан договорот, а градот да си избере привремено име кое ќе го носи еден месец, најмногу два, додека да завршат преговорите.

Од неименувани извори дознаваме дека на маса се неколку решенија и сите содржат идентитетска одредница пред името Делчево, која треба да појасни дека градот нема никаква врска со деецот на ВМРО.

Во случај да биде постигнат договор, нашите соседи ветиле подршка за Поранешно Делчево да добие датум за влез во Унијата на европски градови, како и збратимување со градот Гоце Делчев во Бугарија.

Слични статии

Се вчитува....