Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Официјално: Македонската прва лига ќе се пренесува на Арена Спорт и МТВ!

0 231

Maкедонската прва фудбалска лига од наредната сезона ќе имаме можност да ја гледаме на ТВ екраните и тоа во директни преноси на Арена Спорт и МТВ.

ФФМ и Арена Спорт потпишале договор на две години.

Арена Спорт ќе ги има екскулузивните права и од Купот на Македнија, а од првенството ќе пренесува по два натпревари во коло (сабота и недела). Во проектот влегува и македонскиот национален сервис кој исто така ќе пренесува по два натпревари во коло (сабота и недела) и ќе ја покрива територијата на Македонија со преноси и коментар на македонски јазик.

„По успешните преговори, задоволство е да објавиме дека постигнавме договор околу телевизиските права за натпреварите од 1 МФЛ. Добивме понуда и правата ги отстапуваме на Арена Спорт.

Со ова праќаме широка порака. Ова е порака дека фудбалот го враќаме на телевизија низ директни преноси, свесни за важноста на нашата соработка со Арена Спорт како водечки регионален спортски канал и МТВ како Национален сервис. Од друга страна, ова е голема можност и за клубовите, не само поради тоа што сега се ослободени од плаќање котизација за настап во домашниот шампионат, туку многу повеќе, заради вниманието кое ќе го добијат и можноста за своја промоција во секоја смисла.

Со емитувањето на регионален канал се зголемува и одговорноста кај нив, но и кај судиите и сите други чинители. Наша задача е да го чуваме имиџот и вредностите на нашиот фубал и да работиме да биде уште поуспешен и попопулареен. ФФМ останува сервис на клубовите за подобрување на имиџот и што е можно подобра презентација на домашната лига.

Само заеднички можеме да му покажеме на регионот дека и во нашата држава има силни екипи, добри фудбалери и квалитетен фудбал, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.