Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Панчо распали по СДСM: Ни земавте се’, остајте ни го бар воздухот да го дишиме

0 146

Панчо од ДНК искрен како и секогаш, овој пат на тапет властите во Македонија, еве што тој им порача преку својот Фејсбук профил:

“Вака сега многу на кратко за да не се сфатиме погрешно.
Воздухот смрдеше и печеше додека беше вмро на власт, смрди и сега, а вие сегашната гарнитура господа од сдсм ветувавте и тоа ви беше едно од главните алиби на предизборната кампања.

Нема везе гледаме излажавте како и сите досега додека не дојдете на позиција/функција.

Сакам да ве прашам вака нај човечки маалски неинтелектуално. Дали сериозно ја разгледувате ситуацијата бидејќи е преалармантна и дали разбирате дека вашите деца, ЧИ- ТАЈ-ТЕ : ВАШИТЕ ДЕЦА, ВНУЦИ, РОДНИНИ, САКАНИ и самите ВИЕ го дишете истово ЛАЈНО ( да ми извините на изразот ) и дека ќе имате исти проблеми како и ние обичните смртници. Не сфаќате дека парите што ФАКТ ги имате повеќе од нас ќе ги фрлате по лекови, доктори и не дај боже сандаци. Уште зимата не почнала се ОТРУВМЕ!!!

Знам дека не ве засега но остајте ни го бар воздухот да го дишаме. Ја сум цел живот дромец, не пљукам по Марин ( кажав и додека беше Ивица истото го дишевме ) да не ме сфатите погрешно, само барам а верувам и многу други да најдете решение бидејќи вие сте надлежни, ако не можете сигурно има некој кој може.

Ангажирајте луѓе кои се стручни не мора да ви се од партија толку е едноставно 🤷‍♂️ Не знам само како не ве јаде јанза и како спиете мирно навечер. Живееме и дишеме КАНЦЕР а вие се повеќе не “охрабрувате” и праќате право во бутел ( гарант имате некој дил и таму ) Се надевам дека трендот на иселување ќе продолжи и секој млад ја има мојата поддршка. Заминете си од оваа КАНЦЕРОЈЕБИНА дур сте полни елан, енергија и КИСЛОРОД”.

Овде спас нема ниту ќе има.

ПС – Следно гарант ќе даваат субвенција за нови а може и половни БЕЛИ ДРОБОВИ!!!

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.