Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Папата Франциск од Софија: Благословени да се светите Кирил и Методиј

0 16

„Да бидат благословени светите Кирил и Методиј, патрони на Европа, кои со своите молитви, посветеност и апостолска дејност станаа примери за нас, и остануваат, по повеќе од еден милениум, инспиратори на плоден дијалог, хармонија и на братски сојуз меѓу Црквите, државите и народите ! Нека нивниот светол пример предизвика многу следбеници, дури и во денешно време, и да се појават нови патишта на мир и хармонија!“, порача денеска Папата Францис од Софија каде што ќе биде во дводневна посета пред да допатува во Скопје во вторник.

Тој потсети дека веќе 50 години бугарска официјална делегација, составена од највисоките граѓански и црковни власти, секоја година го посетува Ватикан по повод празникот Св. Свети Кирил и Методиј.

„Тие се заслужни за евангелизирање на словенските народи и се во основата на развојот на нивниот јазик и култура, и, пред сè, всадувачи на изобилно и трајно овошје на христијанско и свето сведоштво“ додаде поглаварот на Римокатоличката црква..

Претседателот на Ватикан ги предупреди Бугарите дека загубиле два милиони жители во последниот период и дека мора да се справуваат со „белата чума“.

„Падот во наталитетот, во комбинација со интензивниот миграциски тек, доведе до депопулација и напуштање на многу села и градови. Покрај тоа, Бугарија се соочува и со феноменот на оние кои се обидуваат да влезат во нејзините граници, за да избегаат од војни и конфликти или од сиромаштија, и се обидуваат да стигнат до најбогатите области на европскиот континент, за да пронајдат нови можности за опстојување“ или само засолниште“, додаде Папата Франциск.

Тој побара од Бугарија да биде толерантна кон емигрантите и да ја разбере нивната ситуација.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.