Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

ПА ШТА СИ ТИ?

0 85

Од 25 министри и 15 министерства, 43 органи во состав, секретаријати и национални координатори, самостојни органи, управни органи и организации, не е за изненадување што кај повеќето од нас дигестивниот систем просто е нефункционален. Иако Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања е специјалист хирург на Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија.

Но, за жал не е историчар. А на Министерот за надворешни работи му се потребни историчари (оти тој не е), алхемичари (можеби е), антрополози (со сигурност не е), или египтолози (дефинитивно не е), тогаш јас немам друг избор освен да се согласам дека Гоце е „Црно ќумурџиче“. И да, браво за зачленувањето во НАТО, но по ѓаволите, па вие со вашите „хилариклинтоновски” насмевки преку глава ни се качивте дека тоа е стабилност, развој, просперитет,цименто и сл. од каде сега ова со „Датумот” и крајот на светот? Не бива ли малку со оние проклети извештаи на Прибе да се позанимавате, конечно?!

Уште колку деца, братучеди, деловни партнери, фризерки, бербери, не ви се здомени. По ѓаволите, па вие немате семејства, вие имате цели племиња! Се препукувате со вашите повремени партнери од ДПМНЕ дали е, или не е стара веста од овој или оној весник во Франција, Германија, и констатирате дека датумот изостана од технички причини – снема струја, се расипа лифтот, некој го изгуби мобилниот?

Реформите ви почнаа со Мира Дизел и ви завршија со оној несреќен комунален работник за кого се вели дека е отпуштен, се надевавте на датум за сите релаксирани да заминеме на одмор затоа што надвор им се допаѓате на сите. Сте блескале? Ало, надвор баш и не сте секому симпатични, а дома, за дома да не правиме муабет е работата.

Со нетрпение ја очекувам следната седмица и почетокот на крајот на сагата наречена „Метла” кога со сиот „реформски раскош”, ќе го промовирате новиот Dreem Teem.

p.s. Насловот е позајмен од Иван Вазов, а ако од понеделник не го кооптирате момчето што секакви врати отвара, ништо и од октомври. Сепак, вие си знаете.

Автор: Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на НК на ГДУ

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.