23 C
Штип
19/06/2019 | 19:48
АПЕРКАТ.МК
Локално

Петар Колев: Дали причината за продажбата на штипскиoт базен се 100 тони бакар под него со вредност од 500.000 евра?

Дали причината за продажбата на штипскиoт базен се 100 тони бакар под него со вредност од 500.000 евра, јавно прашува преку фејсбук статус лидерот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев:

„Почитувани сограѓани,

Темата за затворањето и продажбата на штипскиот базен ја разбранува штипската јавност. До голем степен оваа тема емоционално и сентиментално ме засега мене лично, моето семејство, но и многу други генерации.

Мојот татко и чичко, буквално израснале на тој базен со стотици други наши сограѓани, а мојот брат, кардиоваскуларен хирург во Софија сеуште емотивно зборува за базенот. Можеби ова лето двајцата со останатите пак ќе попливавме малку…

Но, откако веќе практично го нема, со голема морална одговорност за нашето култно место, базенот, имам голема морална одговорност да поставам неколку прашања.

Имено, од кои причини до сега јавно не е поставено прашањето Зошто градскиот базен во Штип е продаден.

Со ова прашање упатено до локалната самоуправа и градоначалникот Бочварски, да го предизвикам откривањето на вистината за продажбата на базенот, па штипската јавност нека суди и во иднина нека решава кому ќе доделува доверба и власт во нашиот град.

1. Дали е точно дека градскиот базен е обвиен од еден многу вреден благороден метал, кој служи како хидроизолација и е над 100 000 килограми?

2. Дали е точно дека пазарната цена на тие над 100 000 килограми од тој метал (бакар пример) е 4-5 пати повисока од цената на која е продаден објектот?

3. Дали има решение на Општинскиот совет за продажба на базенот, кој советници гласале ЗА и од која партија?

4. Дали со средствата од продажбата на истиот благороден метал, можеше да се санира целиот базен, и со многу мала инвестиција да се покрие со балон систем и денеска нашиот град да имаше покриен, а не затворен базен?

5. И најважното, ќе сноси ли некој одговорност за сето ова или по стара наша пракса ќе биде „секое чудо за три дена“?!

Почитувани сограѓани, за жал, уште еднаш нашето општество и нашиот град стануваат жртви на немањето информација, градежната инвазија и лакомоста на некои локални политичари.

На Штип му е потребен базен, Штип мора да има таков спортски објект. Не заради нас, туку заради идните генерации штипјани. Пливањето како спорт е здравје, ние сме должни да им ги осигураме тие услови на нашите деца“ , напиша претседателот на ГДУ, Петар Колев во својот фејсбук статус.

Слични статии

Се вчитува....