Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Покрената дисциплинска постапка против Ѓорѓи Илиевски, човекот кој ги разоткри министрите со лажни дипломи

0 123

Државниот просветен инспекторат поднесе дисциплинска постапка против инспекторот Ѓорѓи Илиевски. Тој на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија. Илиевски откри сомнение за незаконско унапредување на јавни фунцкионери во научно-наставни звања на Државниот универзитет во Тетово и тоа на Арбр Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули.

„По претходно поднесена иницијатива од непосреден раководител, покрената е дисциплинска постапка, за утврдување на дисциплинска одговорност против државниот службеник вработен во Државен просветен инспекторат Ѓорѓи Илиевски.

Покренатата дисциплинска постапка се однесува на неговото изнесување на факти за предмети кои немаат конечност во постапката. При тоа од негова страна се изнесени факти за предмети кои се во развојна фаза и не се реализирани.

По завршување на постапката во институцијата, Државниот просветен инспекторат ќе ја информира јавноста за исходот од истата.“, велат од Државниот просветен испекторат.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.