Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Пописот на облеката на Боки 13 предизвика паника во УБК

0 276

Истражителите на шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска која ја води истрагата за „Рекет“, ја дигнале на нозе Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кога фатиле да изнесуваат кеси и пакети од депото на зградата, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР.

„Се изнесуваат прислушувани материјали и докази“, била дојавата на совесни вработени во МВР лично до премиерот Зоран Заев. Заев се исплашил и веднаш го побарал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за да праша дали повторно УБК прави нешто незаконски како во времето на Горан Грујевски, Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, велат соговорниците кои биле очевидци на настанот.

По наредба на избеганиот Грујевски, по пуштањето на бомбите во почетокот на 2015 беше изнесена опремата за прислушување од УБК, со која незаконски се прислушувале над 25 илјади граѓани, односно телефонски броеви, а потоа и илјадници списи како доказ дека се прислушувало. Потоа сето ова беше однесено на дробење, топење или палење.

Спасовски го смирил Заев дека во кругот на УБК дошле истражители од тимот во истрагата „Рекет“ да вршат попис на запленетата облека и вредни предмети на осомничениот Бојан Јовановски-Боки 13.

Покрај два персонални компјутера и еден лаптоп што ги користеле Боки 13 и неговата асистентка, одземено е поголемо количество брендирана облека, накит, часовници и уметнички дела, соопшти Обвинителството за организиран криминал и корупција по претресите во домот на неговите родители и неговата канцеларија, заради прибирање материјални доказни поврзани со истрагата за изнудување пари. Тоа беше на 16 јули 2019, ден по апсењето на Боки 13 кој уште е во притвор.

Од тимот кој ја води истрагата потврдуваат дека имало кратко недоразбирање при пописот на запленетите предмети на Јовановски, но велат дека набргу ситуацијата била разјаснета. Оттаму велат дека станува збор за многу скапа облека и накит и вредни уметнички дела. Вкупната вредност на запленетите лични предмети не ја откриваат, бидејќи како што рекоа, тоа е доказ во постапката и можно е да ги купил Јовановски од парите што ги изнудувал од бизнисмени.

До правосилност на постапката, запленетите предмети се во сопственост на Агеницијата за одземени предмети при кривични дела.

Во истрагата „Рекет“, осомничени за изнуда на 1,5 милиони евра со тргување со влијание врз јавен обвинител и перење пари се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец, кои се во притвор од 15 јули.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.