25 C
Штип
22/05/2019 | 16:17
АПЕРКАТ.МК
Занимливости

Последно репризно издание на “Дарк лав“, резервирајте ја среќната среда и уживајте со „Репетициона 04“

На барање на публиката, Репетициона 04 го најави своето последно репризно издание на “Дарк лав“.

Станува збор за претстава која е работена според текст на американскиот автор Леонард Герш. Приказната зборува за младо слепо момче, кое се иселува од домот на својата егоистична мајка, и напорите, наспроти хендикепот како пречка, да се вклопи во обичното катадневие, со помош на неговата енергична млада сосетка.

Во претставата играат: Соња Пилатова, Ана Марковска Борче Манев и Јаков Трајанов.

Резервирајте го вашиот билет, цена 50 денари.
Локација, Дом на културата – Ацо Шопов, Штип.
Почеток – 20:00 часот – (15.05.2019).

Слични статии

Се вчитува....