25 C
Штип
22/05/2019 | 16:50
АПЕРКАТ.МК
Колумни

ПРЕСУДА – ВИНОВЕН!!! ВИНОВНИ СЕ!!!

Пресудата од 15.03.2019 јасно ја потврди кривичната одговорност на извршителите на насилните дела од 27 април. И видете чудо – се буни само обичниот народ –ПЛЕБСОТ. Милиони пораки на социјалните мрежи ЗА и ПРОТИВ пресудата-ама на обичните партиски војници.

Изречени 211 години затвор за 16 извршители на наредбите, а 0 години за самите нарачатели и наредбодавачи. Е сега каква командна одговорност бараме од структурите, кога само снимените на камера се одговорни за извршеното? Каде се мозоците на операцијата? Каде се ,,портирите,, како помагачи, олеснувачи на извршувањето на ова тешко кривично дело? Или секој од осудените сам на своја рака си работел, а заеднички ја предизвикале последицата, без да се свесни за дејствијата на другите извршители? Сега сами ќе си одговараат за стореното, за штетните последици нанесени на демократијата во Македонија (на денот на извршување на делото беше Република Македонија), без да имаат било каква поддршка дури и од нивната матична партија. Идеалите што ги бранеа на критичниот ден биле само нивни идеали, незаеднички со врхушката на партијата. Затоа и ја нема партијата да излезе со официјален став што и како се мисли за пресудата и што ќе биде преземено после неа.

Но што се чудиме! Па ДПМНЕ нема веќе став за ништо. Ни за избори, ни за референдум, ни за иднина на Македонија. Ги нема веќе на нашата политичка сцена, затоа што се премногу вовлечени во политичките deal-ови и си бараат бенефит само за управувачките структури. А членството? Тоа може само како и до сега. Тоа уште поминува со приказните за антички Македонци и за ПАТРИОТИ-ПРЕДАВНИЦИ од времето на вистинската ВМРО. Само што ВМРО за нив е само мисловна именка, со која немаат ама баш ништо заедничко.

Владејачката СДСМ пак си молчи мудро, исто без официјален став. Правно оправдано е да не се коментираат одлуките на третиот столб на власта-СУДСТВОТО. Така одговара во моментот, нели? Став што веќе во некоја следна прилика ќе биде сменет, секако без одговорност за мешање на ингеренциите на секоја од трите власти. Вака ПРАВДАТА е достигната. Привидно само, во очите на народот, на обичните смртници. Луѓето на власта не се достапни. Ниту биле, ниту пак ќе бидат. Тие се амнестирани, по раѓање. Па тие нели се ,,плава,, крв, а не како нас обичните – првите редови на браникот на демократијата.

Слични статии

Се вчитува....