Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

“Радувај” се Македонијо – Неверојатно, ракометниот дуел Македонија – Турција ќе го гледаме на македонски канал

0 52

Телевизијата „Телма“ ќе врши директен пренос од квалификацискиот ракометен натпревар за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година меѓу Македонија и Турција. Мечот се игра на 12 јуни од 18 часот.

Претходно, во јавноста владееше големо незадоволство поради тоа што ниту еден македонски телевизиски канал ги немаше откупено правата за пренос од фајналфорот во Келн, каде што скопски Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите по вторпат.

Во моментов Македонија го дели првото место на табелата заеднно со Исланд со по пет бода, а до крајот на квалификациите, освен со Турција, ќе играме и против Грција.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.