Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Реал прати спектакуларна понуда за Нејмар!

0 11

Една од главните теми на овој преоден рок ќе биде Бразилецот Нејмар.

Фудбалерот на ПСЖ наводно е спремен да го напушти Париз после две прилично неуспешни години и да се врати во Шпанија.

„Не сакам повеќе да играм во ПСЖ. Сакам назад дома, од каде не требаше ни да заминам“, наводно биле зборовите на фудбалерот.

Некогашниот фудбалер на Барселона наводно се покајал што заминал во Франција и би сакал да се врати на Камп Ноу, но се чини дека би можел да заврши и на Сантијаго Бернабеу.

Како што пренесува Мундо Депортиво, Реал Мадрид ова лето ќе направи се за конечно да го доведе Нејмар во своите редови, а наводно веќе пристигнала и првата понуда до ПСЖ.

Споменатиот извор пренесува деоа Кралевите пратиле понуда од 130 милиони евра плус еден од своите играчи Герет Бејл или Џејмс Родригез.

Да потсетиме, Le Parisien вчера откри дека ПСЖ бараат дури 300 милиони евра за својот фудбалер, но многумина сметаат дека тоа никогаш нема да го добијат, па понудата на Реал од некои 200 милиони е многу реална.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.