Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Резултатите носат интерес: Продадени 20.000 билети за дуелот Македонија – Полска

0 55

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45) на Националната Арена „Тодор Проески“ го пречекува фаворитот Полска во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 година. За селекторот Игор Ангеловски и неговите избраници ова е прв меч на домашен терен во овој циклус, а по триумфот над Летонија и ремито со Словенија, интересот стана далеку поголем.

Според нашите информации досега се продадени 20.000 билети, во текот на денешниот ден се очекува бројката да биде нешто поголема, ако дополнително се вклучат и гостинските фанови кои синоќа предизвикаа инцидент во центарот на Скопје, а денеска треба да пристигнат во поголем број.

Капацитетот на Арената е 33.460, со оглед на посетеноста на останатите мечеви, нашите момци вечерва ќе имаат одлична поддршка против Полјаците.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.