Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Роналдо за историја: Португалската ѕвезда прв што освоил 10 пехари на УЕФА

0 46

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо се запиша во историјата на европскиот фудбал и на УЕФА, откако синоќа со својата репрезентација стигна да го освои првиот трофеј во новоформираната Лига на нации, која лани почна да се игра како замена за досадните пријателски мечеви.

Роналдо после Евро 2016, го освои својот европски репрезентативен втор пехар, а стигна до двоцифрена бројка од десет пехари на УЕФА во кариерата, нешто што ниту еден друг фудбалер не успеал да го остварил.

Покрај европската круна и сега пехарот во Лигата на нации во овие три години со Португалија, Роналдо има и пет европски клупски титули (четири со Реал Мадрид и една со Манчестер јунајтед), како и уште три европски Суперкупови, меѓу кои еден и во Скопје со „кралскиот клуб“.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.