Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Русија ја слави победата над фашизмот!! (Видео-Фото)

0 11

Со величествена воена парада во Москва Русија ја слави победата над фашизмот.

Во Москва утрово започна воената парада во чест на 9 мај Денот на победата над фашизмот.

Во воената парада на Црвениот плоштад во Москва ќе учествуваат повеќе од 13 000 војници, 74 авиони и хеликоптери и 132 единици на техника.

Рускиот претседател Владимир Путин го честиташе денот на победата, како што рече денот на нашата гордост, тага и безгранична благодарност за заштитниците на татковината кои го растуриле нацизмот.

-Тие војуваа, поминаа надчовечки искушенија и стоеја на страшното место на борбата кога требаше. Дадоа се што е потребно и ја добија таа победа, порача Путин на почетокот на традиционалната воена парада , која секоја година се одржува на „Црвениот плоштад“ во Москва.

 

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.