Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Скандалозна снимка од хотелска соба, фудбалерот Нејмар “тепан” како боксерска вреќа (ВИДЕО)

0 48

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, среде обвинени за силување одигра натпревар за бразилската репрезентација и доживеа нова повреда. За да биде ситуацијата полоша, на интернет се појави и снимка од хотелска соба која не му оди во прилог.

Откако изјави дека станувало збор за изнуда, односно дека манекенката Нажил Тринидад го уценува, деталите се појавија на видео платформата „јутјуб“.

На видеото се гледа дека двајцата лежат во кревет и разговараат, за да набрзо потоа доаѓа до конфликт меѓу нив.

„Ќе те удрам оти вчера ме претепа!, вика манекенката, а тогаш Нејмар станува и снимката се прекинува…

Полицијата почна истрага против ѕвездата на ПСЖ, па наскоро се очекува епилог од целата драма.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.